in

Овој пијалок го пијат за долговечност во Шведска

Шведската компанија го лансираше најновиот хит на пазарот – компир млеко. Цена? Не е ништо помалку од 3 до 5 евра за литар. Млекото од компир е исто така одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолати.

Инаку, рецептот е земен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која во 2017 година произведе необично вкусна и кремаста „емулзија од компир“. Млекото се продава во три варијанти: оригинално, бариста и незасладено.

Производителите тврдат дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека, уште поважно, е најмалку штетно за животната средина од сите билни пијалоци. Млекото од компир исто така содржи помалку шеќер и масти, а не содржи вообичаени алергени, што го прави одличен избор за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

Како сами да направите млеко од компир?

Излупете ги компирите и сварете ги. Кога е готов, ставете го во блендер. Додадете половина од водата и малку мелени бадеми (по желба). Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и ставете го во сад, пишува Крстарица.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Сара Беро, мајка на близнаци со Даунов синдром, никогаш не била погорда: Денеска девојчињата ги земаа своите свидетелства

Како ултра богатите ги транспортираат своите скапи автомобили низ светот