Овие печурки се полнети со мелено месо, а можат да послужат како вечера, но и комплетен ручек… Уживајте!
Состојки:
300 гр мелено месо,
мала главица кромид,
поголема печурка
свежи домати
половина китка магдонос
100 гр гауда
парче путер
маслиново масло
сол, бибер, зачини
Подготовка:
Кромидот ситно се сечка, па се пржи во тава со малку врело масло. Додадете сечкани стебленца од печурки, мелено месо, сол, бибер и зачини, па динстајте додека не испари вишокот течност. Додадете сечкани домати и свеж магдонос, мешајте уште една минута или две, па тргнете од оган. Огноотпорен сад премачкајте го со путер, наредете ги печурките, наполнете ги со подготвениот фил, посипете со рендана гауда и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.



GIPHY App Key not set. Please check settings