in

Подготовката на домашен леб не е толку комплицирана: Следете ги овие чекори и воодушевете го вашето семејство

За да направите селски леб, измешајте во сад 300 гр бело брашно, 300 гр ‘ржано брашно, една лажица шеќер и 2 лажички сол. Додадете еден сув квасец и 400 мл млака вода.

Некогаш лебот не се сечел, туку се кинел со раце. Беше високо ценет затоа што луѓето го сметаа за дар од Бога и грев беше да се фрли. Давањето некому парче леб се сметало за одраз на гостопримството, пријателството и љубов. Направете убав домашен леб и почестете ги вашите најблиски со него.

Рецепт за селски леб
За да направите селски леб, измешајте во сад 300 гр бело брашно, 300 гр ‘ржано брашно, една лажица шеќер и 2 лажички сол. Додадете еден сув квасец и 400 мл млака вода.

Мешајте додека смесата не стане мазна, па оставете ја покриена да нарасне еден час. Извадете го тестото, обликувајте го лебот и префрлете го на подлогата на која сте истуриле брашно.

Оставете го таму да нарасне уште еден час, па премачкајте го со вода и печете 15 минути на 220 степени и потоа 40 минути на 200 степени.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ДОМАШНИ МИНИ ЃЕВРЕЧИЊА СО КИМ – Ќе заборавите на купените од продавница, а ќе добиете полн плех со ѓевреци кои ќе останат свежи следниот ден

Титулата најдобар и најбаран град во светот отиде во срцето на Велика Британија