Хепатитисот може да биде предизвикан од повеќе фактори, вклучувајќи вирусни инфекции, прекумерно консумирање алкохол, земање одредени лекови, како и одредени автоимуни болести.
Хепатитисот е сериозно воспаление на црниот дроб, витален орган одговорен за многу важни функции во човечкото тело, вклучувајќи детоксикација, синтеза на протеини и варење.
Оваа состојба може да биде предизвикана од повеќе фактори, вклучувајќи вирусни инфекции, прекумерно консумирање алкохол, земање одредени лекови, како и одредени автоимуни болести.
Постои разлика помеѓу акутен и хроничен хепатитис. Акутна состојба е ненадејно, краткотрајно воспаление на црниот дроб кое може да биде тешко и да се претвори во хронична состојба, за кое се смета дека се јавува доколку воспалението на црниот дроб трае подолго од шест месеци.
Помалку познати симптоми
Симптомите како жолтица и стомачни болки се веќе добро познати кога станува збор за заболување на црниот дроб, но има и такви кои се помалку познати, а може да се појават на нозете и стапалата, особено навечер, во форма на следните знаци :
Отекување на нозете и стапалата
Хепатитисот може да влијае на способноста на црниот дроб да ја регулира течноста во телото, што доведува до акумулација на течности и видлив оток. Доколку имате долгорочни отоци, важно е да се консултирате со лекар, пишува Живим.хр.
Невообичаена болка и непријатност
Хепатитисот може да предизвика болка и непријатност во нозете и стапалата, особено ноќе. Може да варира од благи до тешки пулсирачки и постојана болка.
Промени на кожата
Промените во бојата или невообичаените траги на нозете и стапалата може да укажуваат на проблеми со црниот дроб. Хепатитисот може да доведе до голем број кожни проблеми, вклучувајќи потемнување или пожолтување на кожата поради дисфункција на црниот дроб.
Ноќни грчеви
Грчеви во нозете кои често се појавуваат ноќе може да бидат суптилен показател за проблеми со црниот дроб. Хепатитисот може да влијае на балансот на електролити во телото, што доведува до грчеви во мускулите.
Синдром на немирни нозе
Хепатитисот може да предизвика синдром на немирни нозе, состојба во која чувствувате неконтролиран нагон да ги движите нозете, често придружена со непријатност.
Превенција
Превенцијата на хепатитис вклучува практикување добра хигиена, избегнување ризично однесување како што е незаштитен секс. Превентивните мерки и вакцинацијата можат значително да го намалат ризикот од хепатитис.