Посна чоколадна торта со ореви и бисквити може да се натпреварува со секоја мрсна, а според мислењето на оние кои го пробале е уште поубава. Многу лесно се прави, доволно е да се измешаат сите состојки и да се истурат во тавче. Откако ќе се излади, уживајте во феноменалниот вкус!
Состојки:
200 гр шеќер
150 ml вода
125 гр маргарин
100 гр посно чоколадо
150 гр мелени ореви
220 гр посен мелен бисквит
За глазурата:
100 гр посно чоколадо
3 лажици масло
Начин на подготовка:
Измешајте вода и шеќер, а кога смесата ќе зоврие додадете сечкан маргарин и чоколадо, па измешајте и варете додека не се стопат состојките и се соединат. Се трга од шпорет, па се додаваат оревите и убаво се меша, па се додаваат бисквитите. Ако смесата е ретка, додадете уште малку бисквити. Во мало тавче ставете хартија за печење и истурете ја смесата. Чоколадото растопете го со масло, па прелијте го врз колачот и измазнете го. Ставете во фрижидер да се стегне. Можете да декорирате со сечкани ореви.



GIPHY App Key not set. Please check settings