in

Познатиот кошаркар се заљубил во неа на само 12 години: Која е убавицата која засекогаш му го украде срцето на Лука Дончиќ?

Лука Дончиќ од детството сака само една жена

„Лука Дончиќ е еден од нас“ е текстот на песната што се пушташе низ улиците на Минхен пред натпреварот Србија-Словенија за време на овогодинешното Европско првенство во фудбал.

Познатиот кошаркар, кој има српско потекло од неговиот татко Саша, е еден од омилените спортисти на тамошната јавност.

Тој успешно ја гради својата кариера преку океанот, а неодамна сите беа изненадени од веста дека Лука Дончиќ се оствари во улога на татко.

Како и години наназад тој се истакнуваше главно преку спортските успеси, а својата интимност вешто ја криеше од љубопитните очи, сè додека не се знаеше речиси ништо за приватниот живот на ѕвездата на американскиот Далас Маверикс.

Затоа и не е чудно што на 7 јули 2023 година, кошаркарот предизвика голема врева кога на својот Инстаграм профил ја сподели следнава фотографија:

Имено, во романтично опкружување, популарниот спортист клекнал на едно колено и ја запросил својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес.

Иако до тој момент малку се знаеше за неа, по оваа вест Голтесова многу брзо стана главна тема на сите медиуми.

Која е Анамарија Голтес?

Анамарија е една година постара од Лука – родена е на 1 мај 1998 година во мало гратче во централна Словенија.

Убавата свршеница на спортист со словенечко-српско потекло професионално се занимавала со танцување, по што извесно време работела како инструкторка по јога во Соединетите Американски Држави.

Анамарија денес е позната како една од најуспешните манекенки во својата земја, а своевремено дипломирала на Економско и Бизнис Факултетот во Љубљана, насока маркетинг.

Исто така, таа ја освои титулата Мис Земја Словенија 2016 и ја претставуваше својата земја на изборот за Мис на Земјата 2016 на Филипините.

Како се запознале Лука и Анамарија?

Верувале или не, славниот кошаркар и неговата поубава половина се запознале како деца додека двајцата со семејствата биле на одмор во Хрватска.

Набрзо се заљубиле, па првата детска љубов која се родила на 12 години прераснала во убава љубовна приказна за цел живот.

Голтесова е најголемиот поддржувач на Лука

Во 2018 година, Анамарија трајно се пресели во САД за да биде со својот избраник, а таму активно продолжи да ја гради својата кариера како модел и инфлуенсер.

Во јули 2023 година, кошаркарот ја круниса љубовта кон Анамарија со романтично запросување, но најубавото допрва следуваше.

Популарниот пар вешто ја криеше најубавата вест цели 9 месеци, а потоа Дончиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија која го воодушеви светот.

Тој и неговата долгогодишна избраничка ја исполнија улогата на родители и на свет донесоа мало девојче на кое му дадоа прекрасно име – Габриела.

Убавата Анамарија на Инстаграм ја следат над 200 илјади луѓе, а со обожавателите често споделува фотографии од семејниот дом во Америка, каде ужива со Лука, нејзината ќерка и нивните три кучиња.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Познатата водителка од сите ја криеше тешката болест на белите дробови, лекарите и кажаа само едно: „Мисли на најлошото“

Ми призна дека спиела со 60, а невиноста ја изгубила со 15: Дури кога и го проверив телефонот се шокирав