in

„Рибља чорба“ откажа концерти: Здравствената состојба на Бора повторно се влоши

Групата „Рибља чорба“ мораше да ги откаже концертите поради „нарушената здравствена состојба“ на пејачот Бора Ѓорѓевиќ, објавија музичарите на својата официјална Фејсбук страница.

Според информациите, групата засега нема да настапува бидејќи лекарите му забраниле да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови.

„Поради нарушена здравствена состојба, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови собири“, се вели во соопштението.

Здравствената состојба на фронтменот на бендот веќе некое време не е баш добра, а не е првпат бендот да се огласува во оваа прилика. Имено, тие и во декември минатата година, по наредба на лекарите на Бори, мораа да ги разочараат своите верни фанови.

„Се извинуваме на рајата што нема да можеме заедно да ја дочекаме Новата година во Ниш и Бор. Лекарите му забраниле на Бора да патува и да се напрега бидејќи има силен грип како и проблеми со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако како и секогаш ќе ја победиме болеста и штом Бора се опорави еве сме на нови собири. Им се извинуваме на организаторите, како и на сите на кои им ги уништивме плановите. Ве сакаме, Среќна Нова Година“.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажа од презимето на нејзиниот татко

ФОТО: Метју Пери сега би имал 55 години, пријателите му оставија емотивни пораки