Ријана и нејзиниот избраник АСАП Роки имаат два сина, кои ги нарекоа РЗА и Рајот.
Неодамна се појавија гласини дека пејачката чека трето дете, но Ријана ги демантираше овие наводи.
Потоа откри како би се чувствувала кога повторно би била во друга состојба.
„Не би била лута. Можеби ќе плачев еден ден, од нервоза, но веќе следниот ден ќе бев супер. Навистина не би се лутела, само малку би се исплашила, можеби“, објаснила таа низ смеа.
Ријана, инаку, максимално ужива во мајчинството и отворено изјави дека би сакала да го прошири своето семејство.
Таа неодамна откри дека има голема желба да има девојче.



GIPHY App Key not set. Please check settings