in

Русите прават замена за вијаграта

Според податоците, 36 руски компании добиле потврда за регистрација за производство на рускиот таблет, за кој има огромна побарувачка

Руската индустрија и Министерството за трговија ги забрзуваат напорите за производство на таблети кои ќе ја заменат вијаграта, откако американскиот производител минатата година го суспендираше извозот на лекот во Русија, пишува весникот Политико.

Американската фармацевтска компанија Виатрис, подружница на Pfizer, објави дека ќе ги запре планираните инвестиции и сите клинички испитувања во Русија поради инвазијата на Украина, но продолжи да извезува таблети за еректилна дисфункција.

Руското Министерство за трговија, сепак, објави дека минатата година добиле информации од Виатрис за прекин на извозот на вијагра, пренесува N1.

За да го надополни недостигот на лекови, Кремљ почна да поддржува клинички испитувања во земјата, а според резултатите пријавени за Интерфакс, руските компании имаат технолошки способности да произведат генерички лек што ја содржи супстанцијата силденафил, кој се продава под името на брендот Виагра.

Според податоците, 36 руски компании добиле потврда за регистрација за производство на рускиот таблет, за кој има огромна побарувачка, наведува Политико.

Студијата, објавена од Комерсант, покажува дека во средината на 2022 година Русите купиле 2,7 милиони таблети против еректилна дисфункција, што е зголемување за 88 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во првите три квартали од 2022 година, производството на лекот што содржи силденафил се зголеми за 11 отсто, додека продажбата порасна за повеќе од 15 отсто, пишува Интерфакс.

Руското Министерство за здравство соопшти дека во аптеките нема недостиг од овој генерички лек.

Санкциите наметнати на Русија од страна на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Европската унија не се однесуваат на лекови и медицинска опрема, но западните фармацевтски компании предупредија дека снабдувањето со лекови може да биде попречено од ограничувањата на банките и повеќето од нив доброволно се откажале бизнис во Русија..

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ЛУЃЕТО СО ОВАА БОЈА НА ОЧИТЕ СЕ ПОСЕБНИ! Дали сте меѓу нив?

Не ви оди добро во кревет? Поправете ги работите на овој начин