За два дена ќе се одржи финалето на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, а победникот го очекуваат вредни награди.
Седумнаесеттата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“ привршува, а „Гранд продукција“ подготви богат паричен фонд за победникот што публиката го избра преку смс пораки за време на финалето кое ќе се одржи на 8 јуни во студио во Кошутњак.
Покрај статуата која ја симболизира победата, победникот ќе добие песна и автомобил, како и комплетен маркетинг. Продукцијата ќе ги финансира најважните работи за победникот, како телевизиските гостувања, но најдобриот тим од менаџери ќе се погрижи за настапите и гостувањата во дискотеките и клубовите, пишува Гранд онлајн.
Ниту останатите финалисти нема да останат со празни раце, па покрај договорот со најголемата продукциска куќа и грижата за настапот, ќе добијат и по една песна.
Професионалниот музички тим на најголемата продукциска куќа ќе одлучи кој од финалистите ќе добие песна од „Гранд“.



GIPHY App Key not set. Please check settings