in

Се огласи Инди по веста дека е во врска со Зоран Марјановиќ

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди за првпат проговори за медиумите откако во домашните медиуми се појави информација дека е во врска со композиторот Зоран Марјановиќ, кој е осомничен за убиството на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ.

Двајцата биле видени на базен, каде заедно уживале и како што се вели и пишува си разменувале нежности, а Инди негираше дека е во емотивна врска со Зоран.

-Не сме во врска, ние сме пријатели и колеги – рече пејачката, а потоа се наврати на фотографиите на кои може да се види како Зоран ја бакнува во образот и ја држи неговата рака на бутот:

– Не е ништо ново пријателите, другарите, колегите, луѓето кои се сакаат и почитуваат се бакнуваат во образ, а тоа не е ништо ново за мене. Фала му на Бога, живи сме, здрави луѓе сме, што има врска ако ми ја држи раката на бутот. Да сакавме да се скриеме, ќе се скриевме некаде надвор од базенот, а вака проѕирно отидовме до базенот, навистина не гледам ништо лошо – изјави Инди за Информер.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Шерон Стоун го загуби старателството над синот поради улогата во познатиот филм

Повеќе од 100 загрозени јазици се додадени на Google Translate