Шерон Стоун се прослави со улогата во филмот „Ниски страсти“, а улогата на фаталната русокоса ја чинеше старателството над нејзиниот син.
Меѓутоа, покрај тоа што улогата и донесе слава, таа и го одзеде домот, како што актерката опиша „Ниските страсти“ и го уништија семејството.
Актерката гостувала во една емисија и зборувала за еротскиот трилер, кој за своето време бил доста ризичен, а станал толку озлогласен што актерката го изгубила старателството над синот повеќе од 10 години по објавувањето.
„Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето мало и малечко момче: „Дали знаеш дека мајка ти снима секс филмови?“, рекла таа.
„Ми го скрши срцето“, изјави актерката.



GIPHY App Key not set. Please check settings