СЕВЕРИНА на својот Инстаграм профил откри дека отпатувала во Бијариц, Франција, позната како луксузна туристичка дестинација.
„Поздрав од Франција“, напиша пејачката заедно со објавата во која се пофали дека ужива на одмор и ја покажа прекрасната глетка. Нејзината објава за само еден ден им се допаднала на речиси 20.000 луѓе, а фановите ја опсипувале со комплименти.
„Лејди“, „Згодна жена“, „Не знаеш што е поубаво“ и „Убаво да си поминеш“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, Северина неодамна ги здружи силите со дизајнерот Матија Вуица за да му подари фустан за матура на една среќна матурантка.



GIPHY App Key not set. Please check settings