Дијабетесот или шеќерната болест е хронична болест во која нивото на гликоза или шеќер во крвта се покачени.
Според најновите податоци од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), само во САД има 37,3 милиони луѓе со дијабетес.
Дијабетесот тип 1 обично се појавува во адолесценцијата, додека типот 2, кој исто така е најчестиот облик на дијабетес, се развива со текот на времето и е поврзан со неколку сериозни здравствени состојби како што се срцеви заболувања или оштетување на нервите.
„Кога дијагностицираме некого, претпоставуваме дека тој веројатно веќе има дијабетес околу пет години. За време на прегледот, одреден број на новодијагностицирани веќе имаат проблеми со бубрезите или срцето, а често и други здравствени проблеми“, објаснува д-р Кевин Панталоне.
Лекарот укажува на четири важни симптоми на дијабетес:
– замор по будењето
– зголемен глад, дури и после појадок
– трнење во рацете и нозете по будењето
– пенлива урина, најчесто видлива наутро