in

Студија: Илјадници тони замрзната вода откриени на врвот на вулкан на Марс

На Марс, илјадници тони замрзната вода се откриени на врвот на вулкан, покажува новото истражување на американските научници објавено во списанието „Nature Geoscience“.

Новото истражување на Марс се занимава со регионот Тарсис, кој е најголемиот планински венец во целиот Сончев систем.

Планините се наоѓаат на екваторот на планетата, а откривањето на замрзната вода на Марс е значајно бидејќи појавата на вода е најважниот показател дека постои можност за појава на живот, тврдат научниците, објави Индепендент.

Новата студија на американските научници, чиј главен автор е Адомас Валантинас од Универзитетот Браун, покажува дека мразот се кондензира секоја вечер на планините на Марс пред да испари во утринската топлина.

„Она што го гледаме можеби е остаток од антички климатски циклус на Марс, каде што во минатото имаше врнежи од дожд, а можеби дури и снег на овие вулкани“, рече Валантинас.

Научниците неодамна објавија дека на Марс имало течна вода најмалку 200 милиони години.

Претходно, на Марс беше откриена огромна јама со дијаметар од неколку метри и длабочина од околу 178 метри, која ја сними камера на НАСА.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Грешки кои можат да ве направат жртва на измама, а се прават на одмор

Научници: Огромен успех, штетните гасови во атмосферата се намалуваат побрзо од очекуваното