Дадо Полумента го кажа своето мислење за Јелена Карлеуша, а таа веднаш ги коментираше неговите зборови на својата инстаграм приказна.
Пејачката Јелена Карлеуша на сцената е речиси 30 години, а во текот на нејзината повеќедецениска кариера честопати беше оспоруван нејзиниот талент.
Сакале или не, факт е дека Карлеуша ја промени регионалната шоубизнис сцена и дека се издвојува од останатите не само по бројните хитови, туку и по нејзините настапи и стајлинзи кои се прераскажуваат и се инспирација за светските ѕвезди.

Пејачот Дадо Полумента ја коментираше Јелена и им се обрати на оние кои ја омаловажуваат нејзината работа и достигнувања:
- Сите вие што сега плукате по Карлеуша… Пријателе, зошто ќе ја плукате таа што измисли шоу бизнис. Не само овде, туку и за светската сцена. Ја копираат сите светски ѕвезди, Бијонсе, Ким Кардашијан, Лејди Гага… – изјави Дадо, а пејачката веднаш се огласи на својот Инстаграм профил:
- Фала Дадо, какви зборови… Само нека навредуваат и напаѓаат. За мене една ваква изјава вреди повеќе од милион нивна – напишала Јелена.



GIPHY App Key not set. Please check settings