Холивудската индустрија е во огромна жалост по смртта на Ерик Бауза, познатиот актер кој со својот глас ги оживеа некои од најпопуларните анимирани ликови. Тој почина на 46 години, а веста за неговата смрт ја потресе публиката која порасна со легендарните цртани филмови.
Бауза беше истакнат како гласот на Багс Бани и Дафи Дак, а за време на неговата кариера позајмуваше гласови и на многу други омилени ликови од светот на „Луни Тјунс“, вклучувајќи Порки Пиг, Твити, Елмер Фад и Марвин Марсовецот.
Со над 400 актерски ангажмани во својата кариера, тој остави значаен белег во светот на анимацијата. Неговата работа беше наградена со три награди „Еми“ во категоријата за детски и семејни програми.
Исто така, Бауза учествуваше во познати филмови, како што се „Space Jam: A New Legacy“ и „The Super Mario Bros. Movie“. Според објавените информации, актерот починал ненадејно, а причината за смртта била хипертензивна кардиоваскуларна болест. Неговото заминување е голема загуба за светот на анимацијата и за генерациите гледачи кои се восхитуваа на ликовите на кои им го даде својот глас.


