Во земјата е регистриран нов смртен случај од западнонилска треска, со што почина 76-годишен пациент на Клиниката за инфективни болести. Откако 27 дена се лекуваше, не успеа да се избори со тешката форма на инфекцијата, иако доби медицински третман.
Пациентот разви невроинвазивна форма на западнонилска треска, која може да предизвика сериозни проблеми, особено за нервниот систем. Неговата состојба дополнително беше отежната поради други здравствени проблеми.
Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во Македонија достигна четири. Во моментов, на Клиниката се лекуваат 20 пациенти со оваа инфекција – 18 имаат лабораториски потврден дијагноз, додека двајца се под сомнение. Пет пациенти се на интензивна нега поради потешка клиничка слика.
Од почетокот на актуелниот бран, 15 пациенти се опоравиле и се пуштени на домашно лекување. Лекарите укажуваат дека најголем ризик од сериозни компликации имаат постарите лица, особено во случаи кога инфекцијата ја афектира нервниот систем. Западнонилската треска најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец.


