in

Трагична несреќа на автопатот Куманово-Скопје, две лица загинаа

На автопатот Куманово–Скопје, во близина на Агино Село, се случила тешка сообраќајна несреќа, при што загинаа две лица, а тројца се повредени.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 19 септември околу 21:35 часот. Учествувале две возила со скопски регистарски таблички, „мерцедес“, управуван од 65-годишниот М.М. и „опел корса“, кој го возел 27-годишниот С.Н.

На лицето место, од повредите починале сопатниците во „опел корсата“, 49-годишниот В.Н. и 71-годишниот Л.М., обајцата од Скопје.

Во истото возило биле уште три лица: 48-годишната Л.Н. сериозно повредена, додека 28-годишната Б.Н. и возачот С.Н. се здобиле со полесни повреди. Сите тројца биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за медицинска помош.

По инцидентот, полицијата извршила увид, а во интервенцијата учествувале и пожарникари од Територијалната противпожарна единица. Полицијата го лишила од слобода возачот на „мерцедесот“, М.М., и најавува поднесување пријава по завршувањето на истрагата.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Последните летни температури се очекуваат пред промена на времето

Автобус со 90 ученици удрил во карпа, има повредени!