Човекот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад и кутии во реката Радика е пронајден и казнет, соопштуваат од Општина Дебар.
Овој инцидент предизвика многу реакции и осуди од јавноста, по што екипите од општинскиот инспекторат и други надлежни органи интервенираа на терен.
Општина Дебар истакна дека санкцијата не е само изолиран случај, туку сигнал за поостар пристап кон загадувањето на животната средина.
„Секоја личност која ја загадува реката Радика или јавните површини ќе се соочи со законските мерки и санкции“, велат од Општината.
Нагласуваат дека реката и јавните простори не смеат да се користат за фрлање отпад, а заштитата на природата и чистотата е колективна одговорност.

