in

Убиле ајкула затоа што им се заканувала на туристите, биле изненадени од она што го пронашле во нејзиниот стомак

Британски турист кој исчезна на островот Реунион среде Индискиот Океан, источно од Мадагаскар, најверојатно бил изеден од ајкула. Имено, Британец (44) од Шкотска бил на одмор со сопругата, а тој ден отишол на пливање. Бидејќи долго време не се вратил, сопругата веднаш ја алармирала полицијата. По него била започната опсежна потрага, но не бил пронајден.

Целото подрачје го пребаруваа нуркачи, а брегот кучиња трагачи. Но, немаше трага од човекот додека локалните жители не убиле ајкула која пливала во близина на плажата и им се заканувала на туристите.

Направена е обдукција на ајкулата, а во цревата е пронајдена човечка рака со венчален прстен на исчезнатиот британски турист. Неговата сопруга во полиција изјавила дека 44-годишниот е многу добар пливач и дека не го видела како излегува од океанот.

Сепак, полицијата не ја исклучува можноста мажот да се удавил , а неговото тело да ја привлекло опасната риба.

Станува збор за тигреста ајкула, која по големата бела е најчеста ајкула која ги напаѓа луѓето. На островот Реунион нападите на ајкули не се невообичаени, па уште повеќе се сомневаат дека на Британецот му пресудила една од ајкулите што ја убиле.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Зошто честото триење на очите е толку лоша навика?

ОВА ВИДЕО СЕ ШИРИ СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА Еве како ќе ги одмрзнете прозорците на автомобилот за само неколку секунди! (ВИДЕО)