Старлетата Александра Суботиќ ја разбесни јавноста кога објави фотографија по излегувањето од фризерскиот салон и откри дека за овој потег потрошила околу 3.000 евра.
Поранешната учесничка во реалното шоу отишла во салон за убавина и барала да и стават евра во косата, поточно вкупно 3.000.
– Како што гледате, во рака имам 3.000 евра. Дојдов во фризерскиот салон за да ја направам најскапата фризура во Србија – истакнува Александра во видеото.
Фризерите се договориле на старлетата да и ја направат фризурата со пари, а после тоа таа решила гордо да шета низ градот.
– Убаво ми е, но се плашам – изјави Александра пред да излезе во јавност.
Бидејќи не се чувствувала безбедно со огромна сума на пари во главата, ја следело обезбедување додека се шетала низ улиците на Нови Сад.


