in

ВИДЕО Путин седна зад воланот на нова Лада – не му оди баш најдобро

Рускиот претседател Владимир Путин вчера отвори нов дел од автопатот М11 во регионот Твер, кој ги поврзува Москва и Санкт Петербург.

Путин на отворањето дојде на воланот на новата Lada Aura, но возењето не помина баш најдобро.

За да го избегне белиот шатор на својата страна од автопатот, Путин доаѓајќи на церемонијата го вклучил левиот трепкач и влегол на спротивната лента на автопатот. Полицаецот кој стоел на тој дел од патот му дал знак да се врати во вистинската насока.

Путин набрзо ја смени својата првична одлука и врти десно, со вклучен левиот трепкач. Реакциите на Путин зад воланот ги фатија неговите телохранители како возат зад него и за влакно избегнаа судир, но се помина без последици.

По кратко возење, бројни припадници на обезбедувањето брзо го опколија. Еден од чуварите му подаде јакна додека излегуваше од автомобилот.

Ова беше прво јавно појавување на Путин по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Погледнете го видеото:

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кои банани се поздрави – зелени или зрели?

ХАОС ВО ЕМИСИЈА! ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА ВОДИТЕЛКАТА СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ВО ЖИВО И ОТКРИ СЕ: Додека беше со мене…