Во Јапонија, дремењето на работното место не се смета за знак на лењост, туку може да биде доказ за значајна работна посветеност и исцрпеност на вработениот.
Оваа практика, позната како „inemuri“, подразбира краткотраен одмор или дремка за време на работниот ден.
За разлика од многу други земји, каде спиењето на работа може да се смета за непрофесионално, во Јапонија дремењето се гледа од друга перспектива. Тоа може да укаже на долги работни часови и преданост кон работата.
Иако не се смета за неодговорност, дремењето на работа зависи од контекстот, местото и начинот на исполнување на работните обврски, што влијае на тоа како ќе биде перципирано. Дали сметате дека кратките дремки на работа треба да бидат прифатени и кај нас?


