in

Во Скопје отворен нов Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години

Во Скопје започна со работа Центар за дневен престој кој е наменет за лица со попреченост над 14 години. Оваа служба првпат е воспоставена во главниот град за оваа возрасна група.

Центарот нуди безбедна и поттикнувачка средина каде корисниците можат да поминуваат време, да се дружат и да учествуваат во активности прилагодени на нивните потреби и способности.

Пружа и стручна поддршка, како и едукативни, креативни и рекреативни програми кои им помагаат на корисниците да развијат практични вештини, да ја зголемат самостојноста и самодовербата.

Отворањето на Центарот е од особено значење за семејствата на лицата со попреченост, бидејќи им овозможува дополнителна поддршка и сигурност, знаејќи дека нивните најблиски се во соодветна средина под професионална грижа.

Градот Скопје истакнал дека целта е да се создаде инклузивен простор, при што акцентот ќе биде ставен на способностите, потенцијалите и можностите на секој единечен корисник.

Новиот Центар претставува значаен напредок во подобрувањето на социјалните услуги во Скопје и создава поголеми можности за вклучување на лицата со попреченост во секојдневниот и општествениот живот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Шумски пожар во Хрватска: 36 повредени, седуммина критично!