in

Зошто има светло во фрижидерот, но не во замрзнувачот? Одговорот може да ве изненади

Кога ќе го отворите фрижидерот, светлото автоматски се вклучува, но многу луѓе се прашуваат зошто има светло во фрижидерот, но не и во замрзнувачот? И замрзнувачот е дел од фрижидерот, се отвора по истиот принцип, но нема сијалица.

Одговорот на ова прашање го даде професорот по економија Роберт Х. Френк од Универзитетот Корнел. Едноставно е – причината се парите.

„Нема светлина во замрзнувачот поради односот цена-бенефит. Трошоците за инсталирање на осветлувањето во замрзнувачот остануваат фиксни, без разлика колку често го отворате замрзнувачот. Придобивката е што полесно ќе ја пронајдете потребната храна. Но, бидејќи луѓето го отвораат замрзнувачот многу поретко отколку фрижидерот, цената е далеку поголема од добивката. Затоа производителите бараат да заштедат пари и да се откажат од таа друга светлина“, вели професорот Френк.

Тој додава дека не е исклучено тоа да се промени, бидејќи производителот ќе види дали пазарот е подготвен да плати за таква добивка, пренесува Крстарица.

„Во принцип, изработката на вакви додатоци се воведува кога ќе се процени дека пазарот е подготвен да плати. Како што се зголемува платежната моќ, се зголемува и веројатноста за воведување нови добивки. Соодносот на трошоците и придобивките на тој начин го покажува трендот дека потрошувачите со подлабок џеб наскоро ќе бараат светлина во замрзнувачот и дека производителите ќе им излезат во пресрет“, објасни тој.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

„Гледав татко ми и дедо ми како горат, додека баба ми вреска“ Александра е „дете од колоната“, а вака остана без семејство

Што да правите и што да избегнувате ако ве искаса медуза?