in

Зошто силните мириси предизвикуваат главоболки?

Според истражувањата, луѓето можат да почувствуваат над милијарда различни мириси, од кои на некои реагираат исклучително позитивно, додека на други навистина не им се допаѓаат. Иако постојат некои мириси кои речиси секој ги смета за непријатни, реакциите на други видови мириси како парфем може да варираат од личност до личност.

Истражувањата покажуваат дека на една личност може да му биде пријатен мирисот на одреден парфем, додека на друг буквално може да му предизвика главоболка. Според „The Conversation“, има дури три причини за тоа, а некои од нив би можеле да ве изненадат.

Емоции
Од сите наши сетила, само сетилото за мирис има директна врска со нашиот емоционален систем. Се верува дека главната причина за оваа поврзаност е тоа што сетилото за мирис се развило пред сите други. Тоа значи дека луѓето не само што го перцепираат мирисот врз основа на хемикалиите во него, туку ги земаат предвид и сите спомени кои доаѓаат со него.

Така, ако мирисате на нешто што го поврзувате со негативна меморија, вашето тело ќе создаде одредена реакција според тоа чувство. Според истражувањата, начинот на кој емотивно реагирате на одредени мириси е личен, па се заснова на многу искуства, а ако сте склони кон главоболки токму кога ќе почувствувате одреден мирис, тоа може да биде поради негативните емоции кои се враќаат во вашиот меморија.

Нетолеранција на мириси
Осмофобијата е термин дефиниран како одредена нетолеранција на мириси. Иако се многу ретки сами по себе, луѓето со хронични главоболки понекогаш имаат тенденција да искусат нетолеранција на одредени мириси.

Според истражувањата, оние кои страдаат од мигрена се особено склони кон овој проблем, а некои студии исто така покажаа дека изложеноста на силни мириси два часа или повеќе всушност може да предизвика мигрена кај околу 20 проценти од оние кои страдаат од мигрена.

Чадот од цигарите, парфемите, автомобилските издувни гасови и производите за чистење се едни од најчестите мириси кои предизвикуваат главоболка.

Нарушувања на синусите
Хемикалии кои ги активираат сигналите за мирис во нашиот мозок понекогаш можат да ги иритираат синусите. Лекарите објаснуваат дека нашите синуси се составени од четири различни шуплини, секоја обложена со мембрана што лачи слуз. Истата слуз всушност ги заробува честичките кои влегуваат преку носот или устата.

Со цел да се отстранат овие заробени и потенцијално иритирачки честички, нашето тело треба да произведе повеќе слуз што резултира со симптоми многу слични на алергиите. Тоа пак предизвикува активирање на нашиот имунолошки систем, што многу често доведува до воспаление на синусите и со тоа до неподносливи главоболки.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кинеската вселенска станица ќе биде „Вселенски дом“ на целото човештво

КОЛКУ ГОДИНИ СЕ ВАШИТЕ СЕНКИ ЗА ОЧИ И МАСКАРА? Овие знаци укажуваат дека мора да ја фрлите шминката бидејќи е ОПАСНА!