in

9 трикови за лесен почеток и упорност во тренинзите

Сите имаме денови кога мотивацијата не остави и вежбањето изгледа како еден голем предизвик. Без разлика дали сте професионален спортист или почетник, понекогаш ни треба само нешто да не мотивира. Веројатно имате многу причини да ја одложите теретаната , како што се зафатен распоред, домашни работи, социјални обврски или нешто друго. Затоа, на помош ни доаѓаат неколку „трикови“ со кои можеме да собереме мотивација.

Како да останете мотивирани на тренинзите

Најдете ја вашата страст – Истражувајте различни методи на тренирање и спорт додека не го најдете оној кој ви носи најголемо задоволство. Не плашете се да пробате нешто ново и да ја пронајдете вашата страст.
Тренирајте наутро – Утринскиот тренинг е како кафе за душата – ве тонизира и енергизира цел ден.
Изберете во што сте добри – луѓето имаат желба да се истакнат во нешто. Ако најдете спорт во кој сте навистина добри, страста ќе ве одржува во форма.
Вклучете го вежбањето во вашата рутина – Одредете време и ден за вежбање во вашиот распоред. Упорноста создава навика, а навиката создава успех.
Мали чекори, големи резултати – Повеќето луѓе почнуваат со огромна цел и се откажуваат кога не постигнуваат брзи резултати. Поставете си мали, остварливи цели и работете кон нив постепено.
Раздели и владеј – ако денот ти е многу напорен, поделете го тренингот на помали делови и наместо час или два во теретана, одвојте 10-15 минути неколку пати на ден за пешачење или вежбање.
Бидете подготвени – Понесете ја вашата спортска облека со вас бидејќи подготовката е дел од дисциплината.
Резервен план – Пливање наместо трчање на дожд? Салата наместо паркот? Имајте алтернативен план и бидете подготвени за се.
Мелодија на успехот – Музиката е еден вид „ритуал“ за вежбачите. Откријте кои песни ве мотивираат и слушајте ги кога вежбате.
Користете ги овие методи кога не сакате да вежбате или кога сте изгубиле мотивација. Запомнете дека секој мал напредок е чекор кон подобар и посреќен начин на живот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Групно кажаа „Да“, па заиграа: И оваа година во Белград се одржа традиционална колективна свадба

Ники Минаж уапсена поради поседување дрога (ВИДЕО)