Познатиот македонски фризер и шминкер Бобан Тодоровски сподели смешна случка од своето патување во Милано, при што откри како почти останал без превоз поради неуспешно пронаоѓање на правилната железничка станица.
Тодоровски преку Инстаграм стори раскажа за својата трка со времето, откако не успеал да стигне до својот воз. „Го утнав бродот. Трчав по другиот, и избегав и тој“, изјави тој, објаснувајќи дека се качил во погрешен воз.
Како што раскажува, возот го оставил 15 минути пешачки од вистинската станица, па повторно морал да трча за да стигне навреме. „Дојдов 7 секунди пред да тргне за Милано… Се надевам и летот ќе го фатам“, додаде тој, споделувајќи ја својата авантура со следбениците.
На крајот, Бобан со хумор го опиша своето искуство: „Денес не сум човек, денес сум водопад.“ Неговата искрена и духовита објава ги отсликува непредвидливите моменти што можат да се случат за време на патувањето, и покажа дека не сè е онака како што изгледа на социјалните мрежи.

