in

Трагедија во Битола: Учениците се простија од 17-годишната Ивана Недановска по несреќата

Седумнаестгодишната Ивана Недановска, ученичка во Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола, загина при сообраќајна несреќа на патот Битола–Прилеп.

Несреќата се случи на 19 септември, во близина на локалитетот „Туланата“, каде се судрија возила од марките „опел“ и „форд“. Ивана беше сопатничка во „опелот“ и, за жал, загина на местото на несреќата.

Во инцидентот беа повредени неколку лица, вклучувајќи ги возачите на двете возила, 44-годишна жена и седумгодишно дете.

По овој трагичен настан, гимназијата објави емотивна порака во која изрази сочувство до семејството, пријателите и сите кои ја познаваа Иван. „Смртта го прекинува животот, не и присуството“, истакнаа од училиштето, додека потсетија дека нејзиното место во училницата ќе остане празно, но споменот на неа ќе живее.

На местото на несреќата работеше екипа на СВР Битола, а причините за судирот се под истрага.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Октоберфест отворен, но цените на пивото повисоки од лани