Ким Кардашијан привлече големо внимание со својот впечатлив изглед на настанот за отворањето на Музејот на наративната уметност на Џорџ Лукас во Лос Анџелес.
Ријалити ѕвездата и претприемачка се појави во долга, убава и светкава тоалета од модната куќа „Ив Сен Лоран“, дизајнирана од Том Форд во раните 2000-ти. Оваа тоалета од колекцијата есен/зима 2004 година, повторно беше извадена од модната архива и сега блеска со нов живот.
Фустанот ја истакна нејзината фигура, а светкавите детали му додадоа на целокупниот гламурозен изглед. Ким го надополни стајлингот со впечатливи обетки од „Оскар Хајман“ и прстен од „Задо“.
За нејзиниот изглед се погрижи познатиот стилист Ло Роуч. Ким изборот на фризурата беше мазно зализана и собрана со патец на средината, додека шминката беше во nude нијанси со нагласени трепки.
Нејзиниот избор на фустан, наместо нова креација, уште еднаш покажа нејзината љубов кон иконските модни парчиња.
На свеченото отворање на музејот присуствуваа многу познати личности од филмската, музичката, модната и уметничката сфера.
Музејот на Џорџ Лукас и неговата сопруга Мелоди Хобсон официјално ќе биде отворен за јавноста на 22 септември, а ќе се фокусира на различни форми на наративна уметност, од илустрација и стрип, до сликарство и филм.


