Денеска, екипата на Хајп МК забележа интересна сцена на реката Црн Дрим – човек кој пливаше со своето куче. Оваа симпатична глетка покажа дека ниските температури не му претставуваат проблем на љубителот на пливањето.
И покрај тоа што летната сезона е завршена, овој човек изгледа како да ги игнорира промените на времето. Чини се дека за него е секојдневна навика да се разлади во студените речни води, без оглед на годишното време.
На загледување, кучето исто така уживаше во оваа необична авантура, демонстрирајќи дека му е пријатно во ладната вода и дека се забавува.
Резултатот беше освежувачка глетка, додека повеќето луѓе веќе се опкружуваат со топли пијалоци и ќебенца, овие двајца продолжуваат да уживаат во студените води на Црн Дрим!


