in

Фјури и Џошуа конечно ќе се сретнат во рингот на 11 декември 2026 година во Кардиф

По повеќе од десетина години шпекулации, преговори и неуспешни обиди, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се подготвени за своето прво соочување во рингот.

Дуелот е закажан за 11 декември 2026 година и ќе се одржи на „Принципалити стадион“ во Кардиф.

Ова ќе биде нивната прва професионална борба, откако двајцата години наназад се сметаат за најзначајни фигури во тешката категорија. И Фјури и Џошуа имаат успешни кариери со титули на светски шампиони, а нивното соочување на рингот долго време се очекуваше од боксерските обожаватели.

Според објавените информации, борбата ќе биде пренесувана во живо на Netflix, а дополнителните детали за остатокот од борбената програма ќе бидат објавени во блиска иднина.

Фјури, кој во 2026 година се врати во рингот по пауза, забележа победи над Арсланбек Махмудов и Мариуш Вах, додека Џошуа во последните два натпревари успеа да ги совлада Џејк Пол и Кристијан Пренга.

Конечно, фановите ги добија информациите на кои долго време чекаа – Фјури и Џошуа ќе се пресметаат на 11 декември во Кардиф.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ема Блажеска во впечатливо издание од Турција, нејзините фотографии се хит!

Сообраќајна несреќа во Младеновац: Повредени патници, меѓу кои и деца!