Македонската пејачка Ивона Јо направи значаен потег за да го одбележи споменот на својот починат татко, кој замина од овој свет пред една година.
По повеќе од една година, Ивона се почувствувала подготвена да го направи чекорот за кој долго време размислувала. Таа решила да носи спомен на татка си засекогаш, така што истетовираше дизајн инспириран од заедничка фотографија.
На социјалните мрежи, таа сподели слика од новата тетоважа, придружена со емотивна порака за татка си.
„Конечно се почувствував спремна да го направам чекорот што година и половина го носев во себе. Тетоважа за него. За неговото присуство. За детството. За љубовта што ја имав за него“, напиша Ивона.
Таа исто така се спомна на односот на татка си кон нејзината страст за тетоважи, откривајќи дека тој не бил задоволен од нејзината одлука да се тетовира.
„Мојот татко, колку не дозволуваше да се тетовирам. После третата тетоважа, се предаде и престана да се противи“, сподели таа со носталгија.
„Ова е за тебе, татко мој. Вечно впишан во мене.“
Со новата тетоважа, Ивона избра да го чува споменот на својот татко и неговото значење во нејзиниот живот.


