Утрово, Атина беше потресена од силна експлозија, која предизвика значајни оштетувања на станбена зграда во историскиот кварт Плака. Зафатен е и минувач, кој, за среќа, претрпел полесни повреди.
Детонацијата се случила пред 8 часот во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, блиску до Столбовите на Олимпискиот Зевс. Силата на експлозијата била толку велика што звукот се чул во голем дел од центарот на Атина. Делovi од зграда беа расфрлани и оштетија неколку паркирани автомобили, а ударниот бран направи штета и на околните продавници.
Екипите на противпожарната служба веднаш се упатија на местото на инцидентот и евакуираа две жени од соседната зграда. Тие беа пренесени во болница, додека според првичните информации, едно лице, кое се наоѓало во близина, претрпело полесни повреди.
По експлозијата избувнал и мал пожар, кој пожарникарите брзо го контролираа. Првичните проценки укажуваат дека причината за експлозијата би можела да биде истекување на природен гас. Надлежните служби работат на истрагата за да ги утврдат точните околности на овој инцидент.


