Во Тетово, двајца млади луѓе, на возраст од 20 години, се уапсени поради сомневање за неовластена трговија со наркотични средства.
Според информациите од полицијата, синоќа околу 20:25 часот, припадниците на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово спровеле акција против осомничените С.И. од село Лисец и Р.Џ. од Тетово.
Полицијата, по добивање на судска наредба, извршила претрес во домот и помошните простории на Р.Џ., при што откриле три поголеми пакувања и една најлонска ќеса со марихуана. Сета дрога била одземена и предадена на натамошна обработка.
Обајцата осомничени се задржани во полициската станица. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека по комплетирањето на истрагата, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против нив.


