in

Штипско училиште воведе нови правила – нема мобилни телефони, чипс и обоени сокови!

Во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, новата учебна година донесе нови правила за околу 930 ученици, кои вклучуваат ограничувања во користењето на мобилни телефони, како и во однос на храната и пијалците што ги внесуваат во училиштето.

Овие мерки беа усогласени со родителите пред почетокот на учебната година, а целта на училиштето е да се создаде амбиент во кој децата ќе се фокусираат на наставата, дружењето и здравите животни навики.

Мобилните телефони се дозволени само за ученици со оправдана потреба, како што се оние кои зависат од телефонска комуникација во врска со превозот. Овој уред мора да биде исклучен, без интернет и предаден на класниот раководител по пристигнувањето.

Правилата се проширени и на исхраната. Чипсот, смоките и обоените сокови не се дозволени, а три дена во неделата учениците ќе добиваат свежо овошје.

Во соработка со локалните пекари, училиштето нуди и опции со јогурт, печива и други оброци, додека од пијалците се дозволени вода, млеко и домашни сокови.

Директорот Дејан Здравков истакнува дека ограничувањето на мобилните телефони е направено со цел да се намали зависноста од електронските уреди и да се поттикне непосредната комуникација помеѓу учениците.

Овие правила добиле поддршка од Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители, а видливи промени во однесувањето на учениците се забележани веќе во првата недела по воведувањето на новите мерки.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Двајца млади уапсени во Тетово за трговија со марихуана

Позитивен тест за бременост кај маж – потенцијален знак за здравствен проблем!