in

Фото-архива на американската војска: Убавината на воената опрема од 70-тите и 80-тите

Воената опрема не секогаш изгледа онака како што ја замислуваме. Една необична колекција фотографии од американската војска привлече внимание на јавноста поради својот изглед што потсетува на модни едиторијали од минатото.

Оваа опсежна архива е создадена во периодот од 1970-тите до 1980-тите години и документира илјадници модели на униформи, чизми и шлемови, како и експериментални парчиња облека.

Фотографиите произлегуваат од истражувачките активности на американската војска, при што се тестирале нови материјали и решенија за подобрување на опремата на војниците. Првата цел била да се дизајнира облека која ќе обезбеди поголема заштита, удобност и функционалност во различни услови.

Она што ги прави фотографиите особено интересни е начинот на кој се снимени. Моделите позираат пред едноставни позадини во необични комбинации, при што деталите од секое парче опрема се внимателно прикажани. Заради тоа, дел од кадрите изгледаат како да потекнуваат од моден журнал, а не од воена документација.

Францускиот визуелен истражувач Матије Никол пронашол речиси 15.000 фотографии во дигиталната колекција, а од нив околу 350 ги избрал за својата книга „Fashion Army”.

Оваа колекција нуди уникатен поглед на развојот на воениот дизајн и открива колку било важно експериментирањето со материјали, кроеви и изгледи во создавањето на опремата.

Денес, овие фотографии претставуваат необичен спој на историја, технологии и мода, покажувајќи дека и воената униформа некогаш била предмет на креативни дизајнерски решенија.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Гордон Ремзи слави 60 години, а роденденот го дели и со ќерка си!

Меси повторно на врвот, освои втора „Златна копачка“ во МЛС!