Денеска, во доцните попладневни часови, избувнал пожар во близина на Бит-пазар во Скопје, што предизвикало вознемиреност кај жителите од околината.
На терен веднаш излегле екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, кои со шест противпожарни возила почнале да го гаснат огнот.
Според првите информации, пламенот зафатил куќа и магацински простории, а пожарникарите работат на тоа огнената стихија да биде ставена под контрола и да не се прошири понатаму.
Засега не се знае што го предизвикало пожарот, ниту колкава е материјалната штета. Нема информации ниту за повредени лица.
Од надлежните институции се очекуваат дополнителни детали.


