in

Од полноќ пониски цени на горивата: бензините поевтинуваат за 7 денари за литар

Од полноќ граѓаните ќе точат гориво по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за намалување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати.

Според одлуката, просечното намалување е 7,51 отсто во споредба со цените што важеле според претходната одлука од 2 ноември 2026 година.

Новите цени се: Еуросупер БС 95 ќе се продава за 86 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 88 денари за литар, Еуродизел БС (Д-Е В) за 94,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за горење ЕЛ-1 за 103,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 49,312 денари за килограм.

Во споредба со досегашните цени, бензините Еуросупер БС 95 и БС 98 поевтинуваат за 7 денари за литар. Дизелот се намалува за 5,50 денари, а екстра лесното масло за горење е поевтино за 6,50 денари за литар.

Најголемо намалување во апсолутен износ има кај мазутот, чија цена се намалува за 6,261 денари за килограм.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Двајца полицајци херои по нападот во Краков: граѓаните собраа 1,37 милиони евра за нивно закрепнување

Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје, зафатени се куќа и магацински простории