in

Двајца полицајци херои по нападот во Краков: граѓаните собраа 1,37 милиони евра за нивно закрепнување

Двајца полски полицајци беа прогласени за херои откако, иако беа ранети, продолжиле да му се спротивставуваат на вооружен напаѓач во центарот на Краков. Нивната постапка предизвика силна благодарност кај јавноста, која масовно се вклучи во хуманитарна акција за нивно лекување и закрепнување.

Нападот се случил во саботата на главниот плоштад во Краков, кога 24-годишен маж почнал да пука кон случајни минувачи. Во нападот животот го загубиле шест лица, а 15 биле повредени.

Полицајците Јакуб Кулик и Артур Морански веднаш реагирале и влегле во вооружена пресметка со напаѓачот. Иако биле погодени од куршуми, не се повлекле, туку продолжиле со интервенцијата и успеале да го совладаат и да го приведат.

Кулик се здобил со особено тешки повреди откако бил погоден трипати, па бил упатен итен апел за дарување крв. Според последните информации, двајцата полицајци се разбудиле од медицински предизвикана кома.

Големо внимание привлече и реакцијата на јавноста. На иницијатива на полскиот новинар и медиумски претприемач Кшиштоф Становски била организирана кампања за собирање средства за помош на повредените полицајци и нивните семејства.

Одѕивот бил поголем од очекуваното, па до утрото на 9 ноември биле собрани повеќе од шест милиони полски злоти, односно околу 1,37 милиони евра. Во акцијата учествувале над 110.000 донатори.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најмалку 14 мигранти загинаа во близина на Крит, 13 тела пронајдени во чамец, а уште едно лице почина во болница

Од полноќ пониски цени на горивата: бензините поевтинуваат за 7 денари за литар