Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, објави фотографија од своето патување во Италија и веднаш го привлече вниманието на следбениците, и со локацијата и со впечатливиот стил.
Тој престојува во прочуената „Вила д’Есте“, раскошен хотел крај езерото Комо, една од најбараните и најпрестижните дестинации во Италија. Местото се издвојува по луксузните градини, историската архитектура и ексклузивната атмосфера.
За оваа пригода, ЈЗЈ избрал комбинација во која доминираат црвените детали, надополнети со црно сако, бела кошула и впечатливи модни додатоци.
Неговото присуство на толку престижна локација веднаш отвори прашања за причината за посетата. Дали станува збор за деловно патување поврзано со нови модни проекти и соработки, или дизајнерот си дозволил приватно патување и луксузен одмор?
Засега нема дополнителни информации за неговиот престој, но фотографијата од италијанската елитна дестинација предизвика големо внимание и љубопитност кај неговите следбеници.


