in

Бритни Спирс сака да се повлече од славата и да му се посвети на Бога

Бритни Спирс јавно проговори за верата, семејството и желбата да започне ново поглавје во животот, откривајќи дека музичката индустрија веќе не ја привлекува како порано.

Поп-ѕвездата, во емотивна објава на социјалните мрежи, рече дека сака да му се приближи на Бога и да го најде својот внатрешен мир. Таа нагласи дека секој ден се моли и вежба јога, уверена дека вистинската сила понекогаш доаѓа токму кога човек ќе ѝ се препушти на верата. Посебно внимание привлече и нејзиното признание за разговорот со еден од нејзините синови, кој ѝ кажал дека верува во науката и дека лично не верува во Бога.

Бритни призна дека во тој момент се почувствувала како да потфрлила како мајка, бидејќи силно верува во Светиот Дух и во неговото присуство. Таа се осврна и на годините што ги поминала под старателство, од 2008 до 2021 година, и рече дека тогаш имала чувство оти никогаш не добила вистинска можност да биде она што навистина е.

„Сакам да му се приближам на Бога, да го направам моето срце што е можно поубаво и подуховно и повторно да сонувам“, порача Бритни.

Таа додаде и дека повеќе нема желба да биде дел од забавната индустрија, нагласувајќи дека нејзиниот однос кон славата и настапите целосно се променил во споредба со периодот кога била помлада.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Саша Ковачевиќ повторно доаѓа во Скопје: концерт на 26 декември во арената „Борис Трајковски“