in

Антонели триумфираше во Остин, но за шампионската титула ќе мора да почека!

Возачот на Мерцедес, Антонели, стартуваше од пол-позицијата и имаше одличен почеток, водејќи веќе во првиот круг. Трката ја заврши со предност од околу 16 секунди пред Шарл Леклер.

Макс Верстапен ја зазеде третата позиција, додека Луис Хамилтон заврши четврт. Ова ја означува деветтата победа на Антонели во оваа сезона. Пред трката во Тексас, тој имаше предност од 102 бода и можеше да стане најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1, но за тоа требаше да се исполнија три услови: да победи, неговиот тимски колега Џорџ Расел да не заврши меѓу првите осум, а Луис Хамилтон да не биде во првите четири.

Иако Антонели го исполни првиот услов, останатите два не се остварија. Расел доби казна од пет секунди поради излетување од патеката на стартот, што го спушти на десеттото место, но успеа да се врати на осмото, на која и ја заврши трката. Хамилтон, пет круга пред крајот, го престигна Ландо Норис и се проби на четвртото место, приближувајќи се на само еден бод зад Расел во генералниот пласман.

На следната трка, Големата награда на Мексико, за Антонели ќе бидат доволни само два бода, односно пласман меѓу првите девет возачи, што би му ја осигурало титулата без разлика на резултатот на Расел.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ѓоковиќ со пресврт ја победи првата пречка во Базел

Кевин Федерлајн со нови долгови од 117.000 долари по недовршена исплата на Бритни Спирс