in

Ferrari постави нов аукциски рекорд: Првиот електричен модел продаден за 40 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!

Ferrari откри нова страница во историјата на автомобилските аукции со продажбата на својот прв целосно електричен модел, Luce, кој достигна неверојатна цена од 40 милиони долари на добротворна аукција организирана од RM Sotheby’s во Калифорнија.

Овој автомобил е специјално изработен примерок, различен од оној што ќе биде достапен во редовна продажба. Luce има уникатна боја, специјално дизајнирани тркала, модифицирани сопирачки и низа други детали направени по нарачка.

Целокупниот износ од продажбата ќе биде распределен на фондацијата Ferrari, која ќе ги користи средствата за поддршка на образовни проекти. Идентитетот на купувачот сè уште не е откриен.

Luce, како прв целосно електричен модел, има посебно значење за Ferrari, но оваа транзиција предизвика мешани реакции помеѓу фановите. Дел од нив сметаат дека овој модел премногу се оддалечува од традиционалниот карактер на брендо. Критики упатија и италијанскиот политичар Матео Салвини, како и поранешниот шеф на Ferrari, Лука Кордеро ди Монтеѕемоло, кој предупреди дека компанията ризикува да ја загрози својата легендарна репутација.

И покрај критиките, од Ferrari укажуваат на тоа дека промени како овие се неизбежен дел од развојот на автомобилската индустрија. Главниот дизајнер, Флавио Манцони, верува дека времето ќе покаже дали скептичните обожаватели ќе го прифатат новиот модел.

Интересот за Luce е очигледен, но Ferrari сè уште не објави продажна цел за овој електричен модел. Според изворите, компанијата веќе ја исполнила планираната продажба за оваа година, благодарение на поддршката од кинескиот пазар.

Со рекордната аукциска цена од 40 милиони долари, Luce стана најскапиот нов автомобил некогаш продаден на аукција, надминувајќи го претходниот рекорд на Ferrari Daytona, кој во 2025 година се продал за 26 милиони долари. Сепак, Luce не е на првото место за највисоката цена на автомобил продаден на аукција, бидејќи тоа место и понатаму му припаѓа на легендарниот Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé од 1955 година, кој во 2022 година се продал за 142 милиони долари.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Нов ценовен пораст на горивата од полноќ

Неверојатно! НАСА ја открива динамиката на океаните низ целиот свет!