Американскиот рапер Blueface предизвика силни реакции на социјалните мрежи по несоодветната постапка за време на концерт во Лос Анџелес. Неговото однесување наиде на многу негативни коментари, а снимката од инцидентот за кратко време стана вирална.
Според објавените видеа, тој бил присутен на настапот на Skilla Baby во салата „Belasco Theater“, каде што во еден момент зел бел пешкир и почнал да се брише по лицето и телото.
Потоа следувал шокантниот дел: Blueface го ставил пешкирот во предниот дел од кратките панталони, во пределот на препоните, а потоа го фрлил кон публиката. Една девојка од присутните го фатила пешкирот, без да знае како бил употребен претходно. Снимката од неговиот пренос во живо на платформата Kick брзо се проширила на интернет и предизвикала лавина реакции. Многумина ја осудиле неговата постапка, оценувајќи ја како крајно невкусна и нехигиенска.
Видеото поттикна и бројни коментари на социјалните мрежи, а корисниците јасно ја изразија својата згрозеност од постапката на раперот.
Иако ваквото однесување можеби му служи за привлекување внимание, овојпат Blueface ја шокираше јавноста, но не на начин на кој би посакал еден изведувач.


