in

Бобан Илиоски, првиот Македонец со договор во GLORY!

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски направи значаен чекор во својата кариера, потпишувајќи договор со GLORY Kickboxing, една од најпризнатите организации во светот на кикбоксот.

Илиоски преку социјалните мрежи сподели дека овој потпис претставува остварување на едно од неговите најголеми професионални соништа. Тој изрази гордост и нагласи дека овој успех е резултат на години напорни тренинзи, жртви и разочарувања, а особено им се заблагодари на семејството, тренерите и пријателите за поддршката во текот на патот.

Со потпишувањето на договорот, Илиоски стана првиот кикбоксер од Македонија кој добива можност да настапува во GLORY, што го прави овој момент особено значаен за македонскиот кикбокс.

„Ова е само почеток. Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кикбокс сцена во светот. Сонот е остварен, историјата е започната“, порача Илиоски, кој исто така му се заблагодари на познатиот тренер Мајк Пасениер за довербата.

Со новиот договор, Илиоски се впушта во нова фаза од кариерата, со можност да настапува на една од најзначајните кикбокс сцени во светот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мистер Бист отвори село од 10 милиони долари за деца во Гана