in

Браќата Тејт остануваат во притвор во САД, судот ја одби нивната молба!

Ендру и Тристан Тејт ќе продолжат да бидат во притвор во САД додека трае постапката за нивна можноа екстрадиција кон Велика Британија. Судиката во Мајами, Лорен Луис, го отфрли нивното барање за ослободување, оценувајќи дека не успеале да докажат дека не претставуваат ризик од бегство или опасност за јавноста.

Браќата беа уапсени на 18 јули во Мајами, по барање на британските власти за нивна екстрадиција. Во Велика Британија, се соочуваат со сериозни обвиненија, вклучувајќи силување, напад и олеснување на трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Тие ги отфрлаат овие обвиненија.

При донесувањето на одлуката, судијката особено ја има предвидено нивната финансиска моќ, меѓународните врски и честото патување, заклучувајќи дека постои „исклучителна можност“ да ја напуштат јурисдикцијата ако бидат ослободени.

Адвокатите на Тејт изразија остри критики кон одлуката и најавија дека ќе продолжат да ги оспоруваат обвиненијата со сите правни средства во тековната постапка.

Процесот на екстрадиција може да потрае неколку месеци, а британските власти имаат рок до 16 септември да поднесат комплетна документација и материјали во врска со барањето за екстрадиција.

Во исто време, браќата се соочуваат и со одделни правни случаи во Романија. Романските обвинители неодамна повдигнаа обвиненија против Ендру Тејт за трговија со малолетници, перење пари, сексуален однос со малолетно лице и влијание врз сведоци, додека Тристан се соочува со обвинение за соучесништво. И двете обвиненија тие ги оспоруваат.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонскиот фолклор блесна во Бразил, „Студио Фолклор“ успеа да освои прво место!