in

Салма Хајек го прослави 60-тиот роденден со провокативни фотографии од плажа

На 2 септември, Салма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, а недолго потоа ги зачуди своите обожаватели со смели фотографии од плажа.

Актерката сподели моменти на кои ужива во морето без облека. На една од фотографиите, таа насмеана лежи во плитката вода, додека брановите ја покриваат, а на друга, е свртена со грб кон камерата.

Хајек ја придружи објавата со пораката: „60 и благодарна“, што ја одбележува оваа важна година во нејзиниот живот. Фотографиите предизвикаа голем интерес, а честитки доби и од многу познати личности.

Ова не е прва прилика кога актерката отворено зборува за стареењето и прифаќањето на својот природен изглед. Нејзината природна коса со седи прамени, кое не се обидува да го сокрие, е видлива на фотките.

60-годишнината ја прославува во период богат со нови важни моменти, бидејќи неодамна стана баба, откако нејзиниот посинок доби син со сопругата Лара Косима Хенкел фон Донерсмарк.

Со својата објава, мексиканската актерка уште еднаш демонстрира дека годините не ја ограничуваат, туку се причина за славење и благодарност.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Браќата Тејт остануваат во притвор во САД, судот ја одби нивната молба!