Кремаст десерт со кафе и чоколадо.
Состојки:
– 130 гр темно чоколадо
– 1 јајце
– 2 белки
– 2 лажици силно, засладено турско кафе
– 15 гр путер
– цимет по желба
– малку сол
Подготовка:
Чоколадото ситно исецкајте го, ставете го во тенџере, прелијте го со кафе и со мешање растопете го на пареа.
Чоколадото тргнете го од пареата и постепено измешајте го путерот исечкан на парчиња. Оставете да отстои околу една минута.
Одделете ги жолчките од белките, а потоа измешајте една жолчка во чоколадната смеса.
Изматете ги белките во крути врвови со малку сол. Околу четвртина од снегот веднаш промешајте го во растопената чоколада за малку да омекне. Потоа полека измешајте го остатокот од снегот.
Добиениот мус поделете го во четири чинии и ставете го во фрижидер најмалку три часа. Пред сервирање посипете со цимет.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings